Коби најдобар играч, Џексон најдобар тренер
За десет години Коби освои четири титули, МВП на финале и во лига, 11 пати играше во Ол-стар мечевите, двапати беше најдобар стрелец.
За десет години Коби освои четири титули, МВП на финале и во лига, 11 пати играше во Ол-стар мечевите, двапати беше најдобар стрелец
Официјалната интернет страница на НБА лигата ги избра најдобрите кошаркари на деценијата што изминува. За играч што ги одбележа минатите десет години е прогласен Коби Брајант, првата звезда на Лос Анџелес Лејкерс.
Во изминатата декада Брајант го предводеше својот тим до четири шампионски прстени во НБА лигата (2000, 2001, 2002, 2009 година). Лани беше избран за најкорисен кошаркар во финалето, а пред две сезони беше прогласен за најкорисен кошаркар во лигата. Дури 11 пати беше дел од Ол-стар натпреварите (1998 година и од 2000 до 2009 година), во 2006 година и во 2007 година беше прв стрелец во американската професионална кошаркарска лига. Сопственик е на девет рекорди во најквалитетното кошаркарско натпреварување во светот, уште два делисо други играчи.
Покрај Брајант во најдобрата петорка на деценија влегоа Стив Неш (Феникс), Кевин Гарнет (Минесота, Бостон), Тим Данкан (Сан Антонио) и Шекил О’Нил (Лос Анџелес Лејкерс, Мајами, Феникс, Кливленд).
Признанието за екипата на деценија го делат Сан Антонио (три шампионски титули) и Лос Анџелес Лејкерс (четири шампионски титули), а за најдобар тренер во изминатите десет години е прогласен Фил Џексон (Лос Анџелес Лејкерс).
{loadposition content9}