Кога „бркањето“ рекорд вреди живот
Американецот Николас Меволи, починал откако нуркал на длабичина од 72 метри. Трагичниот настан се случил на Меѓународниот натпревар во нуркање на здив.
Американецот Николас Меволи, починал откако нуркал на длабичина од 72 метри. Трагичниот настан се случил на Меѓународниот натпревар во нуркање на здив.
Американецот од Њујорк, со овој спорт започнал да се занимава пред една година, а набргу потоа победил на натпревар, кој бил одржан на Кајманските острови.
Меволи починал на најзначајниот натпревар во овој спорт кој се одржувал на Бахамите.
Организаторите соопштија, дека Меволи се обидувал да го собори рекордот, во слободно нуркање. Без пераи, тој се нурнал на длабочина од 72 метри, под вода се задржал три минути и 38 секунди, по што испливал на површината.
Откако испливал, како што пишува „New York Times“, неговите очи биле празни и кажал зборови кои никој не ги разбрал, по што ја загубил свеста, што многу често им се случува ма нуркачите во овој спорт.
Меѓутоа, Меволи, не се разбудил и покрај медицинската помош која веднаш му била укажана.
{loadposition content9}