За колку пари се „млатат“ УФЦ фајтерите
Хонорарите кои им се исплаќаат на UFC борците се честа тема на расправа помеѓу фановите на боречките спортови, а неретко и самите борци знаат да се пожалат на својот статус, посебно оние кои не се медиумски експонирани, а со тоа и со помалку спонзори.
![ufc](https://tvm.mk/wp-admin/admin-ajax.php?action=kernel&p=image&src=%7B%22file%22%3A%22wp-content%2Fuploads%2F2013%2F09%2Fsport_2013_septemvri_ufc_thumb.jpg%22%2C%22thumbnail%22%3A%221200%2C%2C%22%7D&hash=4edc9f18)
Хонорарите кои им се исплаќаат на UFC борците се честа тема на расправа помеѓу фановите на боречките спортови, а неретко и самите борци знаат да се пожалат на својот статус, посебно оние кои не се медиумски експонирани, а со тоа и со помалку спонзори.
Претседателот на UFC разговараше со фановите, а едно од прашањата беше за највисокиот хонорар во историјата на оваа организација.„Еднаш на борец му исплативме пет милиони долари за меч, но битно е да се напомене дека UFC до 2007 година не беше профитабилен. Сепак, боксот постои сто години и поради тоа се развиени и организираат големи настани одамна”, изјави тој.
Инаку, борците кои се почетници во UFC неретко добиваат хонорар од само осум илјади долари, а од тоа мора да покријат и некои свои трошоци, како на пример подготовките и тренерите, но и да им дадат процент на менаџерите.
{loadposition content9}
Latest Спорт
![](https://tvm.mk/wp-content/uploads/angwp/items/98535/ttg-hero-baner.jpg?x67484)