Гостувањето на Баерн во Порто не донесе само пораз од 3-1 туку и заминување на комплетниот лекарски тим. Виновник за оваа ситуација е Пеп Гвардиола кој ги обвини токму нив за поразот во четвртфиналето на Лигата на шампиони. Да потсетиме, Баерн во клучната фаза од сезоната игра без најголемите ѕвезди Рибери, Робен, Швајнштајгер, Алаба, Мартинез, а од неодамна во натпреварот со Леверкузен се повреди и важниот дефанзивец Мехди Бенатиа. Токму неговата повреда го предизвика Гвардиола да направи, за Германците, прилично безобразен потег. Се свртел спрема лекарскиот тим и иронично почнал да им аплаудира. Тој потез на Каталонецот не одекна добро во клубот ниту во цела Баварија.
Ден по натпреварот со Порто, главниот доктор на Баерн, Ханс Вилхелм Милер-Волфарт одлучи да го напушти клубот во кој е скоро 40 години. Се работи за познат спортски доктор кој неодамна го лечеше Лука Модриќ, иако игра за Реал, а го лечел и Усеин Болт.
Гвардиола не се сложувал со лекарскиот тим и нивните методи. Цела сезона Баерн има хронични проблеми со повредите. Нема играч кој не бил повреден, а неодамна по неколку месеци пауза се врати Тиаго Алкантара. Половина екипа од првиот тим е вон теренот, а се чини дека така ќе биде и во возвратниот меч со Порто. Кога се повреди Рибери, требаше тоа да биде помала повреда на глуждот и која требало да се реши за неколку дена. Рибери го нема повеќе од еден месец и тренерот за тоа го обвини лекарскиот тим.
Гвардиола и Милер-Волфарт повеќе не можеа да соработуваат, довербата исчезна, а резулатот е заминување на познатиот доктор што ги изненади сите во клубот.
{loadposition content9}