Skip to main content

Кошаркарот кој незнае да плива

„Велат се се учи додека си жив“. Една интересна приказна (сторија) ни доаѓа од НБА тимот, Бостон Селтикс, а е поврзана со нивниот член Брендон Бас.

 |  Голабовски Крсте  | 
brendon BAs
Брендон Бас

„Велат се се учи додека си жив“. Една интересна приказна (сторија) ни доаѓа од НБА тимот, Бостон Селтикс, а е поврзана со нивниот член Брендон Бас.

brendon BAsБас веќе трета сезона ќе го носи дресот на Селтик, но интересно е тоа што досега тој нема научено да плива.28-годишниот кошаркар ова им го признал на медиумите во Бостон, а дека во следниот период ќе ја совлада оваа вештина покажува фактот дека тој веќе зема часови за пливање. Тој во петокот заедно со 10 деца од „Boys & Girls Club“ започнаа со почетните часови за пливање.

– Мојот син (Brandon Bass Jr-6 години) е првиот во нашата фамилија што знае да плива. Ако ме фрлите во океанот, сигурно ќе се удавам- изјавил Бас.

Бас согласно со неговите обврски ќе продолжи со часовите се додека не ја совлада оваа вештина.

– Ако сакам да бидам мажот во куќата морам да научам да пливам- изјавил крилниот центар.

{loadposition content9}