Skip to main content

Кошаркарите ќе добијат „Медал за заслуги за Македонија“

Кошаркарската експедиција која го слави името на Мекадонија на Евробаскетот 2011 е одликувана со „Медал за заслуги за Македонија“, одлука која денес ја донел Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

 |   | 
kosharka
кошарка

Ова високо одликување за македонските кошаркари доаѓа по одличните постигнувања кои тие ги забележуваат во Литванија, момците на Марин Докузовски веќе изборија пласман помеѓу најдобрите осум репрезентации во Европа.

Истовремено оваа одлука на нашиот Претседател ќе им даде дополнителен мотив на кошаркарите пред вечерашниот дуел со Русија. Со ова постигнување кошаркарите придонесуваат за развојот на спортот во Македонија како и за афирмација на нашата татковина во светот.

Сите знаеме како Македонското изненадување на Евробаскетот 2011 одекна во најголемите светски спортски медиуми. Името Македонија го видовме и на почетната страна на НБА, на ЕСПН во Америка, Марка, АС, Ел Мундо во Шпанија, Билд во Германија, Газета дело Спорт во Италија и низ сите останати спортски медиуми ширум светот.

{loadposition content9}