Екипите на ГКК Охрид и на Соколи 1933 од Штип ја продолжуваа борбата за двете места кои водат во кошаркарската елита на Македонија.
Како што веќе објави ТВМ, екипата на Охрид ја доби третата и најважна средба од борбата за пласман во Првата лига против Работнички со резултат од 77:58.
Соколи 1933 беа подобри од МКК КУманово со 66:59 или 2:1 во серијата. Штипјани ја искористија предноста која ја носи играњето „мајсторка” на домашен терен.
Претходно место во полуфиналето во само два одиграни натпревари обезбедија скопските ривали Вардар и Ангели.
Двојки во полуфиналето се Соколи 1933 – ГКК Охрид и Вардар – Ангели.