Европската фудбалска куќа се заблагодари до Македонија за организацијата на европскиот Суперкуп – натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјед кој вечерва беше одигран на „Телеком Арена“ во Скопје на кој славеше Реал Мадрид со победа од 2-1.
Првите лица на ФИФА и УЕФА, Џани Инфантино и Александар Чеферин по завршувањето на спектаклот во Скопје, упатиле благодарност до премиерот на Република Македонија – Зоран Заев и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски за одличната организација и гостопримството на европскиот Суперкуп.
УЕФА на социјалните мрежи упати благодарност до Скопје и Македонија за гостопримството, посебно нагласувајќи ја „фантастичната организација“ на Суперкупот.
„Благодариме Скопје. Фантастични домаќини на Суперкупот 2017“, порачаа од УЕФА.