Skip to main content

Куп медали за теквондистите од „Хваранг фист“

На ден 21 Декември 2014 година во Скопје,населба Маџари, во салата Методија Андонов Ченто,се одржa последниот за оваа година Отворен Таеквондо турнир – ТИГРИ 2014, во организација на Македонската Теквондо Федерација,и Теквондо клубот Тигри,на кое учество зедоа 8 клубови од нашава држава.

 |  Голабовски Крсте  | 
hvarang fist
хваранг фист

hvarang fistНа ден 21 Декември 2014 година во Скопје,населба Маџари, во салата Методија Андонов Ченто,се одржa последниот за оваа година Отворен Таеквондо турнир – ТИГРИ 2014, во организација на Македонската Теквондо Федерација,и Теквондо клубот Тигри,на кое учество зедоа 8 клубови од нашава држава.
 
Како единствен претставник  во Македонската Теквондо Федерација од нашиот град беше Таеквондо клубот  Хваранг Фист,населба Црногорци, Охрид предводен од меѓународниот инструктор Јосифоски Ацо IV дан,светски Семиконтакт шампион и Европски Теквондо шампион.
   
Во прекрасен амбиент,со одлични домаќини,прекрасна публика и одлични борци,нашите 10 натпреварувачи повторно постигнаа значителен успех освојувајќи 1 златна,7 сребрени и 2 бронзени медали,натпреварувајќи се во борби.
   
Свој дебитантски  настап за нашиот клуб имаа Виктор Миленкоски во категорија пионери 2  +45кг,и Огнен Шибакоски – јуниори – 63 кг,кој одлично се претставија и освоија 2 сребра.
 
{loadposition content9}