Skip to main content

Куп на Македонија во Охрид

Куп во Охрид: Еурофарм Пелистер и Вардар во финалето

Финалето од Купот во машка категорија помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота со почеток од 18 часот, а во 15 часот, ќе се одигра финалето во женската конкуренција помеѓу Куманово и победникот од дуелот помеѓу ЖРК Вардар и ЖРК Ѓорче Петров.
 |  инфодеск  | 
Куп на македонија ракомет

Во Охрид се играат завршните турнири од ракометниот Куп на Македонија во машка и женска конкуренција. Еурофарм Пелистер лесно стигна до финалето од Купот, откако во „Билјанини Извори“ во Охрид го совлада тимот на Пролет со 28:21 и по четиринаесетти пат ќе игра Куп-финале против бранителот Вардар 1961, кој пак со 22:31 го доби дебитантот Алкалоид.

Битолачни беа фаворити на оваа средба и сосема очекувано и сигурно обезбедија финале, откако во мечот против Пролет најдобри кај Еурофарм Пелистер беа Цветан Кузмановски со седум гола, а пак Ненад Костески со пет гола. Кај Пролет најдобар беше Давор Палевски со шест гола.

Вардар 1961 преку Алкалоид стигна до финале каде ќе ја брани Куп-титулата против Еурофарм Пелистер. Шампионот убедливо го доби дебитантот со 22:31 во „Билјанини Извори“.

Вардар добро го отвори натпреварот, а изедначено беше во првата половина на првиот дел, а во второто полувреме „вардарци“ направија одлична серија за голем триумф, откако Томовски ја спушташе „ролетната“ на голот во вистински моменти.

Најдобри кај Вардар 1961 беше Дејан Манасков со 12 гола, а пак Гоце Георгиевски имаше шест погодоци на своето конто, додека пак кај Алкалоид се истакна Мартин Серафимов со шест гола.

Кај дамите наместо два полуфинални натпревари, ќе се одигра само еден, откако Металург се откажа и нема да игра во полуфиналето, па Куманово оди директно во финалето, а противникот ќе го чека од исходот во дуелот меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Ѓорче Петров.

Откако згасна машкиот колектив на Металург, речиси на сигурен пат оди и згаснувањето на женскиот колектив на клубот од Автокоманда, а главна причина за тоа е кризата и беспарицата.

Финалето од Купот во машка категорија помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 се игра во сабота со почеток од 18 часот, а во 15 часот, ќе се одигра финалето во женската конкуренција помеѓу Куманово и победникот од дуелот помеѓу ЖРК Вардар и ЖРК Ѓорче Петров.