Лампард има IQ над 150
На тестот за интелегенција фудбалерот на Челзи имал преку 150 IQ поени, со што веднаш може да влезе во МЕНСА.
Фудбалерот на Челзи, Франк Лампард, забележа преку 150 поени на IQ тестот, што според мислењето на докторот на тимот Брајан Инглиш, е еден од најдобрите резултати забележани во Британија.
Точните резултати од тестот кој Лампард го решавал заедно со своите соиграчи не се соопштени, но англискиот репрезентативец со сопствениот резултат би можел да добие членство во здружението на лица со висок степен на интелегенција (МЕНСА), чија норма на тестот изнесува 148.
„Меѓу првите тројца беше и Џон Тери, но резултатот на Лампард е еден од највисоките кои ги забележала компанијата што ги изработува тестовите. Тој има поголем IQ и од мене“, признава докторот. Таткото на Лампард бил исто така фудбалер, а Франк одеше во средното училиште во Брентвуд каде стекна 12 дипломи, со чиста петка по латински.
{loadposition content9}