Skip to main content

Ракомет

Лазаров како крал на испраќањето во Нант

Нант му приреди кралско испраќање на Кире Лазаров, кој пред два дена објави дека ќе ја заврши играчката кариера на крајот на сезоната.
 |  инфодеск  | 
Кире Лазаров

Ракометната македонска легенда и играч на францускиот клуб Нант, нашиот Кирил Лазаров вчеравечер беше испратен со сите почести, како крал, во играчка пензија.

Лазаров вчера го одигра претпоследниот натпревар, а последен пред фановите на Нант, додека последниот натпревар во кариерата на Лазаров ќе биде викендов на финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант.

Кире Лазаров

Спектакуларното шоу што му го приреди клубот Нант синоќа, е дефинитивно едно незаборавно испраќање на Кралот на ракометот и баш онакво какво што тој заслужува.

Го седнаа на престол, му ставија круна на главата и му оддадоа неизмерна почит за се’ што направил за Нант.

 Со сопругата Љубица и двете деца, Лазаров уживаше во стоечките овации.