Ракомет
Лазаров како крал на испраќањето во Нант
Нант му приреди кралско испраќање на Кире Лазаров, кој пред два дена објави дека ќе ја заврши играчката кариера на крајот на сезоната.
Ракометната македонска легенда и играч на францускиот клуб Нант, нашиот Кирил Лазаров вчеравечер беше испратен со сите почести, како крал, во играчка пензија.
Лазаров вчера го одигра претпоследниот натпревар, а последен пред фановите на Нант, додека последниот натпревар во кариерата на Лазаров ќе биде викендов на финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант.

Спектакуларното шоу што му го приреди клубот Нант синоќа, е дефинитивно едно незаборавно испраќање на Кралот на ракометот и баш онакво какво што тој заслужува.
Го седнаа на престол, му ставија круна на главата и му оддадоа неизмерна почит за се’ што направил за Нант.
Со сопругата Љубица и двете деца, Лазаров уживаше во стоечките овации.


