Skip to main content

Лејкерси со 50 победи сезонава

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се првите кои стигнаа до бројката од 50 победи во оваа сезона во НБА лигата.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се првите кои стигнаа до бројката од 50 победи во оваа сезона во НБА лигата.

Ја остварија лесно, во саботата, во дуелот со Минесота во кој триумфираа со 110:90. На осмиот пораз во низа на „волците“ кумуваше Коби Брајант со 23 коша и четири асистенции, По Гасол забележа 21 поен и девет скока.

„Голем успех е да се стигне прв до бројката од 50 победи во една сезона. Пред нас имаме уште 20 натпревари во регуларниот дел во кои наша цел ќе биде да оствариме 6о победи“, изјави по мечот ренерот на „езерџиите“, Фил Џексон.

logoЛидерите во составот на Минесота беше триото Рајан Гомеш со 20 коша, Кевин Лав со 18 коша и 14 скока и Себастијан Телфер со 18 поени. Но, останатиот дел од тимот уфрли само 34 коша што беше недоволно да се стори нешто повеќе во дуелот со лејкерси кои доминантнина теренот.

Иако во последно време игра одлично и во голема форма, сепак, Двејн Вејд не можеше да го одведе Мајами до победа над Кливленд. Кавалирси славеа со 99:89 најмногу благодарение на, кој друг ако не, Леброн Џејмс и Мо Вилијамс. Мечот беше решен во воведните 12 минути во кои Кливленд обезбеди плус 12, залиха што само ја одржуваше во продолжението од натпреварот. Вејд уфрли 25 поени и забележа 12 додавања, Џермејн О’Нил додаде 19 коша што беше недоволно за „жешките“. Најдобри кошаркари во мечот беа Вилијамс со 29 коша и пет скока и Џејмс, кој оствари трипл-дабл ефект (14 поени, 10скока и 12 асистенции).

 

 

 

{loadposition content9}