Ленс се доближи до Канчелара
Седумкратниот победник Ленс Армстронг за дел од секундата не успеа да ја преземе жолтата маичка во велосипедската трка Тур де Франс откако неговиот тим Астана победи во четвртата етапа.
Седумкратниот победник Ленс Армстронг за дел од секундата не успеа да ја преземе жолтата маичка во велосипедската трка Тур де Франс откако неговиот тим Астана победи во четвртата етапа.
Швајцарецот Фабијан Канчелара на стартот од екипниот хронометар влезе со предност од 40 секунди во однос на Американецот, а токму толкава беше разликата меѓу Астана и тимот на лидерот во трката Саксо банк, принудувајќи ги судиите да ги проверат пропозициите. При тоа беа сметани и резултатите од саботниот старт во Монако, кои му помогнаа на Канчелара да ја зачува маичката што ја освои во кнежевството.
Армстронг им се доближи на водечките во претходната етапа до Ла Гранде Моте, кога и’ се придружи на групата во бегство, која стигна на целта 40 секунди пред главната група во која беа многумина од фаворитите, вклучувајќи го и лидерот на неговиот тим Алберто Контадор. Шпанецот, кој триумфира на Тур де Франс во 2007, не се претргна многу низ улиците на Монпелје, забрзувајќи само во финишот.
Четворица членови на францускиот тим ББокс излетаа од патеката. Во раната фаза од етапата Русинот Денис Менчов, победник на годинашниот Џиро ди Италија, удри во ограда и загуби многу време.
Австралиецот Кејдел Еванс, пак, кој во последните две години го освојуваше второто место севкупно на Тур де Франс, исто така загуби време откако неговиот тим Сајленс лото се дезорганизира по инцидентот со Белгиецот Јирген ван ден Брек. Еванс сега заостанува речиси три минути во однос на Канчелара.
Вкупен поредок: Канчелара (Швајцарија/Саксо банк) 10:38,07 ч., Армстронг (САД/Астана) исто време, Контадор (Шпанија/Астана) +19 сек., Андреас Кледен (Германија/Астана) + 23 сек., Леви Липхајмер (САД/Астана) +31 сек. итн.
{loadposition content9}