„Летечкиот Џордан“ го прослави својот 50-ти роденден
Најдобриот кошаркар на сите времиња, популарниот Летачки Џордан, вчера го прослави својот јубилеен 50. роденден.
Најдобриот кошаркар на сите времиња, популарниот Летачки Џордан, вчера го прослави својот јубилеен 50. роденден.
Џордан ќе остане запаметен во историјата на НБА и светската кошарка како најдобар на сите времиња, играч што воведе нови димензии и оствари многу рекорди во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, во која три пати се враќаше по повлекувањето. Најновото негово „враќање“ е сѐ уште актуелно, по изјавите на блиските негови пријатели, кои велат дека Летачкиот во последниве три-четири месеци сѐ поактивно и посериозно тренира со играчите од тимот на кој е газда, Шарлот бобкетс.
Џордан се повлече од активно играње во 2003 година, со шест освоени шампионски прстени, како лидер во лигата со најмногу поени на еден плејоф-дуел со 63 против Бостон во 1986 година, најмногу поени во плејофот (5.978), како и најголем просек на поени во плејофот (33,4). Во кариерата постигнуваше просечно по 30,12 поени по натпревар, што е највисок просек во историјата, најмногу поени постигнал во едно полувреме, 35, во финалето на НБА во 1992 година против Портланд треилблеизерс. Со вкупно 32.292 поени е трет на вечната листа на стрелци зад Карим Абдул Џабар и Карл Мелоун, но предноста на Џордан е во тоа што тоа го стори во над 400 натпревари помалку од овие двајца. Околу споредбата на двајцата моментно најдобри кошаркари во НБА, Коби Брајант и Леброн Џејмс, деновиве имаше и негова изјава за американските медиуми, во која Џордан вели дека за него Брајант е подобар од Џејмс, ако не по друго, по шампионските титули.
{loadposition content9}