Skip to main content

Градски базен атина бојаџи

Летно државно првенство во пливање

Викендов во Охрид се одржува Летно државно првенство во пливање на кое учество зедоа 300 пливачи од 17 клубови од Скопје, Охрид, Штип, Куманово и Битола.
 |  инфодеск  | 
Летно државно првенство во пливање

По пауза од две децении, Охрид повторно е домаќин на пливачки натпревар. Вчера на СРЦ „Билјанини извори“ започна Летно државно првенство во пливање, во организација на Пливачката федерација на Македонија и Пливачкиот Клуб „Акваспирит“ од Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

Летно државно првенство во пливање

Во името на градот домаќин, пред присутните пливачи и гости се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и епитетот како пливачки град. Дозволете ми да ги упатам најискрените честитки на организаторите, на сите помагатели и вљубеници во пливањето, а посебна благодарност до компанијата КОСТАЛ за несебичната донација за овој спортски настан.

Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние сеуште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со искрената посветеност кон спортот, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството.

Почитувани присутни, ве уверувам дека во моментот кога Охрид конечно ќе го добие толку посакуваниот затворен базен, нашиот град повторно ќе изнедри врвни пливачи, идни олимпијци, а Охрид засекогаш ќе стане симбол на македонското пливање – истакна во своето обраќање Пецаков.

Летно државно првенство во пливање

На првенството зедоа учество 300 пливачи од 17 клубови од Скопје, Охрид, Штип, Куманово и Битола.

Првенството е поделено во 22 дисциплини, во пет категории, во машка и женска конкуренција.