Лионел Меси знае што сака
Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси повторно ја отфрли тезата дека повеќе сака да освојува трофеи и да игра за Барса отколку за Аргентина.
Лионел Меси

Иако има само 22 години, Меси во кариерата веќе има освоено голем број на клубски трофеи, три наслови шпански првак, два од Лигата на шампионите, еден Куп на кралот како и многу индивидуални награди.
Но во разговор за аргентинската телевизиска мрежа ТуЦ Спортс објасни дека би си сменил сите свои трофеи со освојување на светското првенство со гаучосите.
„Ништо не може да се спореди со светскиот куп. Има луѓе кои зборуваат дека не ми е гајле за дресот на аргентинската репрезентација, но тоа не е вистина. Да не ми беше тогаш немаше ни да патувам и да играм во нејзиниот дрес. Јас ја сакам аргентинската селекција, секогаш давам се од себе кога играм за неа и се чувствувам добро. Би дал се од себе за да го освоиме Светското Првенство, тоа би било најголема работа за мене и за Аргентина“, изјави Меси.
„Ја имам таа среќа да освојувам многу важни трофеи на клубски план но се тоа би сменил за трофејот од Светското Првенство. Сигуренсум дека ќе се бориме за насловот во Јужна Африка и се надевам дека за аргентинскиот дрес ќе го направам она што го правам во Барса и ќе го пружам својот максимум“, заврши ѕвездата на Барселона.

{loadposition content9}