Skip to main content

Лига на шампиони

Ливерпул на чекор од 10-тото финале

Реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Виљареал и Ливерпул ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот на стадионот во Шпанија.
 |  инфодеск  | 
Ливерпул Виљареал

Денеска од 21 часот на стадионот во Шпанија ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Виљареал и Ливерпул.

„Црвените“ од Енфилд на првиот меч триумфираа со 2:0 и се надеваат дека таа предност ќе им биде доволна да го обезбедат своето 10-то финале во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Од друга страна, ланскиот победник во Лига Европа, Виљареал, се надева на чудо и дека ќе дојде до своето прво историско финале во ЛШ.

Екипата предводена од Јирген Клоп сезонава е во трка за дури четири трофеи, па лесно може да се случи оваа натпреварувачка година да влезе во историјата на англискиот гигант.

Потсетување дека во среда ќе се игра возвратната средба помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, „граѓаните“ во првите 90 минути беа подобри со 4:3.

Лига на шампиони, полуфинале (реванш), Виљареал – Ливерпул (21.00 часот)

Можни стартни состави –

Виљареал: Рули, Фојт, Албиол, Торес, Еступинан, Чуквуезе, Капуе, Парехо, Данјума, Ло Селсо, Морено.

Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Конате, ван Дајк, Робертсон, Кеита, Фабињо, Тијаго, Салах, Мане, Дијаз.

Извор/СлободенПечат