Skip to main content

Лоши вести за Михаел Шумахер

За жал стигнуваат лоши вести

 |  инфодеск  | 

Експертите сметаат дека автомобилскиот ас е предолго во кома за да не остави последици на неговиот мозок.

Марк Мадер (68), главниот доктор за рехабилитација во Базел смета дека на Шумахер шансите се многу мали.

„Се помали се шансите дека Шумахер потполно ќе се опорави. Неговата позната насмевка најверојатно нема повеќе да ја гледаме. Што подолго во кома, помали се шансите дека мозокот ќе се опорави. Шумахер најверојатно ќе има последици“, рекол Марк Мадер во разговор за Blick, кој го претставил како најголем авторитет за повреди на мозок.

Се шпекулира дека Шумахер во моментот на несреќата имал 75 килограми, а во болницата загубил 20 кг. (агенција VLM).

{loadposition content9}