Skip to main content

Копачките Магиста го менуваат фудбалот

Револуционерна иновативност во перфомансите

 |  инфодеск  | 

Револуционерната иновативност во перфомансите на обувките продолжува, така што Најк и новите Магиста копачки го редифинирааи изгледот и чувството.

Со подобрен контакт, пристапување и припојување, копачките се дизајнирани за креативни играчи. Nike Flyknit технологијата е посебно прилагодена на фудбалот овозможувајќи ногата подобро и попријатно да се спои со копачката, овозможувајќи подобро чувство за топката, но и нејзина контрола.

Дизајнерите од Најк соработувале со најдобрите светски плејмејкери, меѓу кои и Андрес Иниеста и Марио Геце. Токму тие им дале вредни информации за своите потреби, така што Магиста спречува и најмала можност на ограничување на креативноста во играта каде просторот е клучен фактор.

“Магиста е дизајнирана како продолжен дел о телото на играчот. Тоа не е копачка која се става на стапалото, туку копачка која се движи заедно со стопалото”, вели Phil McCartney, потпретседателот на одделот за усовршување на спортски обувки во Најк.

Flyknit технологијата донесува единствена прилагодливост и контрола, создавајќи чувство на друга кожа, како да носите чорапи, и осигурува стабилност и цврстина со посебната плетена структура. Магиста исто така содржи посебен Dynamic fit на задниот раб, со што стапалото подобро се заклучува во копачката, а со тоа се подобрува чувството за движење и за топка.

{loadposition content9}