Skip to main content

ГКК Охрид – Соколи 1933

„Мајсторката” за Прва лига помеѓу Охрид и Соколи закажана за во понеделник

Понеделник ќе биде „денот Д” за охридските кошаркари. Овој натпревар ќе го даде новиот прволигаш за следната сезона.
 |  инфодеск  | 
Мајсторка ГКК Охрид и Соколи

Третиот натпревар кој ќе одлучи кој ќе игра во Прва лига, ГКК Охрид или Соколи 1933 ќе се одигра во понеделник во СРЦ „Билјанини Извори” со почеток од 17 часот.

Понеделник ќе биде „денот Д” за охридските кошаркари. Овој натпревар ќе го даде новиот прволигаш за следната сезона. ГКК Охрид заслужува полна сала за „мајсторката”, поддршката од трибините ќе биде силен мотив за охридските кошаркари, кои во првиот меч токму во „Билјанини Извори” беа подобри од штипските Соколи со 84:68 во еден одличен натпревар.

Во Штип, Соколи се изборија за трет натпревар, откако штипјани со 79:70 пред својата публика во „Јордан Мијалков” беа подобри од Охрид.

Третиот натпревар кој ќе го одлучи патникот за Прва лига ќе се одигра во понеделник со почеток од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори”. Судиската тројка ја сочинуваат Цветаноски, Антовски и Јакимовски.

Колку за потсетување, Вардар веќе обезбеди влез во Прва лига, откако „црвено-црните” во серијата беа подобри од Ангели, па екипата предводена од Јованчев се врати во Првата лига, откако во сезона 2020/2021 испадна.