Белгија и Македонија на 6 јуни ќе го играат одложениот квалификациски натпревар
Одложениот натпревар од квалификациите за ЕП 2010 во Австрија меѓу машките ракометни селекции на Белгија и на Македонија, ќе се одигра на 6 јуни со почеток од 20 часот во Херстал, се наведува на официјалната веб страница на Европската ракометна федерација.
лого

Натпреварот требаше да се одигра на 22 март, но поради лошите временски услови и затворениот аеродром „Александар Велики“ во Скопје дуелот беше одложен.
Двете репрезентации седум дена подоцна ќе играат во Македонија.
До крајот на квалификациите Македонија ќе одигра уште три натпревари, на 10 јуни против Норвешка (гости), на 17 јуни со Исланд (гости) и со Норвешка на 21 јуни на домашен терен.
{loadposition content9}