Skip to main content

Македонија – Црна Гора 1:2

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута.

 |  Крсте Голабовски  | 
Srecko Katanec
Среќко Катанец
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа загуби од репрезентацијата на Црна Гора со 2:1. За Црна Гора головите ги постигнаа Џудовиќ во 24 минута и Јоветиќ од пенал во 33 минута, додека за Македонија голот го постигна Горан Попов во 85 минута.

Селекторот на македонската резрезентација Среќко Катанец на заедничката прес – конференција по натпреварот рече дека нашиот тим играл солиден фудбал, но оти сме примиле гол каков не сме смееле да примиме.

fudbal„Примивме гол каков несмееме да примиме, нешто што ни се случува често во последно време, а за вториот несакам да зборувам. Играчите треба да бидат малку побезобразни. Во играта ни недостасува само гол бидејќи создаваме многу шанси. Задоволен сум од пристапот на играчите и на натпреварот и на тренингот“, истакна Катанец.

Селекторот на црногорската репрезентација, Зоран Филиповиќ е задоволен од натпреварот и од фактот што по пет натпревари без победа, неговата репрезентација конечно победила и годината ја завршува со победа.

Пред почетокот на натпреварот Игор Митревски, за јубилејот 50 натпревари во државниот дрес, доби поклон од претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи Ристевски.

 

 

{loadposition content9}