Skip to main content

Македонија при дното на ЕП во шах

Двете македонски шаховски селекции се при дното на табелата по четири одиграни кола на 17. Европско првенство за мажи и 8. ЕП за жени во Нови Сад.

 |  Крсте Голабовски  | 
sah
шах

Двете македонски шаховски селекции се при дното на табелата по четири одиграни кола на 17. Европско првенство за мажи и 8. ЕП за жени во Нови Сад.

sahНа пет кола до крајот избраниците на селекторот Атанас Кизов со два меч-бода и со само шест поени по табли се 34. меѓу 38. состави, а тимот на Ристе Менкиноски со ефект 1 (4,5) е претпоследен во конкуренција на 28 женски репрезентации.

Мажите, кои го почнаа првенството како 27. според просечниот рејтинг од 2516 поени, во четвртиот круг претрпеа уште еден висок пораз, овој пат од 3-1 против четвртиот носител Бугарија (2673). Велемајсторот Владимир Георгиев (рејтинг 2537) со бели фигури му одолеа на првата табла на поранешниот светски шампион и шахист со највисок рејтинг на турнирот, Веселин Топалов (2813). Со бели ремизира и ВМ Трајко Недев (2511) на третата табла против ВМ Александар Делчев (2635). Загубија ВМ Никола Митков (2525) од ВМ Иван Чепаринов (2667) и ВМ Звонко Станојоски (2492) од ВМ Валентин Јотов (2578). Невообичаено силниот турнир за машкиот национален тим на Македонија, кој досега играше со првиот фаворит Русија, со четвртиот Бугарија и со седмиот Германија, продолжи синоќа со дуелот со 20-рангираната Хрватска.

Дамите, пак, ни против две места послабо рангираната Норвешка не успеаја да ја извојуваат првата победа, па шансата ја бараа синоќа против претпоследната селекција на стартната табела, Финска. Дебитантката Бојана Бејатовиќ (1833) ја оствари својата прва победа, совладувајќи ја со бели фигури Елен Карлсен (1904) на третата табла. Ремизираа Ивана Ѓорѓиева (1917) со ЖФМ Силвија Јонсен (2040) и ЖИМ Габриела Коскоска (2182) со Елисив Репен (1915), а поразена беше само Катерина Јоноска (2023). Таа на првата табла со бели фигури беше совладана од Маријане Хауг (2005).

Резултатиод четвртото коло, мажи: Израел – Азербејџан 1,5-2,5 (Роиз – Гашимов 0-1, Михалевски – Гусеинов 1-0, Постни – Мамеџаров 0-1); Србија 1 – Грузија 1-3 (Вучковиќ – Гагунашвили 0-1, Перуновиќ – Саникиѕе 0-1); Русија – Холандија 2-2 (Мороезвич – Смитс 0-1, Томашевски – Сипке 1-0); Србија 2 – Ерменија 1-3 (Седлак – Акопјан 0-1, Рогановиќ – Петросјан 0-1); Германија – Грција 2-2 (Најдич – Папајоану 0-1, Фридман – Халкијас 1-0); Данска – Шпанија 1,5-2,5 (Расмусен – Илјескас 0-1); Англија – Франција 1-3 (Мекшејн – Фресине 0-1, Вилијамс – Фелер 0-1); Унгарија – Чешка 2-2 (Алмаши – Навара 1-0, Беркеш – Лазничка 0-1); Норвешка – Полска 1-3 (Елснес – Бартел 0-1, Томасен – Гаевски 0-1); Австрија – Италија 2,5-1,5 (Шенгелија – Ромбалдони 1-0) итн.

Табела: Грузија 8 (10,5), Азербејџан 8 (10,5), Франција 6 (10,5), Шпанија 6 (10,5), Холандија 6 (10,5), Русија 6 (10,5), Ерменија 6 (10), Србија прв тим 6 (10), Израел 6 (9), Унгарија 5 (10,5) итн.

Георгиев – Топалов

1. д4 Сф6 2. ц4 г6 3. Сц3 Лг7 4. е4 д6 5. Лд3 О-О 6. Сге2 ц5 7. д5 е6 8. О-О Сг4 9. Лц2 Се5 10. б3 е:д5 11. ц:д5 б5 12. Тб1 б4 13. Са4 Ла6 14. ф4 Сед7 15. а3 б:а3 16. Л:а3 Сб6 17. Лд3 Те8 18. Сб2 Л:д3 19. Д:д3 а5 20. Сц4 С:ц4 21. б:ц4 Са6 22. Дф3 Сб4 23. ф5 Дх4 24. ф:г6 ф:г6 25. Сф4 Ле5 26. г3 Дф6 27. Кг2 Сц2 28. Тб7 С:а3 29. Д:а3 Тф8 30. Да4 г5 31. Дд7 Дх6 32. Се6 Т:ф1 33. К:ф1 Дх5 34. Кг2 Де2+ 35. Кх3 Дх5+ 36. Кг2 Лф6 37. Сф4 Дх6 38. Де6+ Кх8 39. Сх5 Тф8 40. Тф7 Лг7 41. Т:г7 Д:х5 42. Тг8+ реми

{loadposition content9}