Skip to main content

Македонија е европски шампион во Дота 2

Европското првенство во Приштина, кое се одржа од 9 до 13 јули, собра 180 е-спортисти од целиот континент, кои се натпреваруваа во три дисциплини: Counter Strike 2 (мажи и жени) и DOTA 2.
 |  инфодеск  | 

Македонската репрезентација постигна историски успех и се закити со титулата европски шампион во Дота 2 на Европското е-спорт првенство.

Во групната фаза нашата селекција ги победи Белорусија, Унгарија, Грузија и Хрватска. Потоа во првата нокаут рунда славеше со Романија (2-0), а во полуфиналето ја совлада Белорусија (2-0). Бидејќи на овие турнири има костур за втора шанса, Белорусите се вратија на посакуваниот пат и играа финале, ама загубија. 

Честа да бидат во македонскиот тим им припадна на Христијан Анастасовски, Игор Стојков, Александар Ивановски, Дамјан Јордановски, Александар Јосифоски, Ристе Нелоски, Павле Стојановски, Валентин Дуракоски, Даниел Глигоров, Зоран Марковски, Анел Чековиќ, Јордан Маневски и Јане Апостолоски.

Европското првенство во Приштина, кое се одржа од 9 до 13 јули, собра 180 е-спортисти од целиот континент, кои се натпреваруваа во три дисциплини: Counter Strike 2 (мажи и жени) и DOTA 2.