Skip to main content

Македонија ги порази Фарски Острови со 1:0 и ќе има скок за најмалку две места на УЕФА Лигата на нации

Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга селекција од останатите континенти.
 |  инфодеск  | 

Вчера, на национална арена „Тоше Проески“ во Скопје се одигра фудбалскиот натпревар меѓу селекциите на Северна Македонија и Фарски Острови. Македонија на домашен терен со резултат 1:0 ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.

Според пресметките, Македонија на новата листа, која ќе излезе откако ќе завршат сите мечеви во овој ноемвриски циклус, ќе има скок за најмалку две места. Македонија ќе ги прескокне европските Грузија и Финска, а може да биде и пред некоја друга селекција од останатите континенти. За баражот за Светско првенство, во моментов Македонија е деветторангирана, а може да падне и на 11-тото место. Таму одат четирите земји кои нема да успеат да бидат први или втори во своите квалифиакциски групи, така што шансите се добри дури и ако Шведска и Романија избијат пред нас и бидеме 11-ти на листата.