Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија
Во последното коло од ова групата во Лигата на нации, Македонија во недела ќе ја пречека селекцијата на Фарските Острови во Скопје.
Во претпоследниот петти натпревар од Лигата на нации, фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Летонија со 1:0.
Со оваа победа избраниците на селекторот Благоја Милевски го потврдија првото место во групата што значи промоција во Б лигата од ова натпреварување, а воедно и ги задржаа шансите за евентуален пласман во баражот за настап на Светскиот шампионат.
Дуелот против Летонија беше решен во 57. минута, а стрелец на погодокот беше Никола Серафимов.

Во последното коло од ова групата во Лигата на нации, Македонија во недела ќе ја пречека селекцијата на Фарските Острови во Скопје.


