Македонија го победи вицешампионот Полска
Македонија во ракометно лудило. Нашиот национален тим ја приреди првата сензација на Светскиот шампионат во Хрватска.
лого

Во третото коло од групата „Ц“, македонските репрезентативци денеска ја соборија на колена сребрената селекција од пред две години, фаворизираната Полска и ги заплеткаа сметките околу конечниот изглед на табелата.
Македонија го победи актуелниот светски вицепрвак со 30:29. Сензација, за нашиот машки ракомет и спорт воопшто, историски резултат.
Ајде сега објаснете му го некому на овој ракометен собир феноменот „балкански менталитет“. Ќе се снајдеме, но и ќе знаеме да го прославиме овој мега резултат.
Од тотална 30-минутна конфузија со Тунис, лесно преку аутсајдерот Алжир, до блескаво издание во првиот голем меч на овој Мундијал.
Феноменална одбрана предводена од Св. Петар Ангелов, 11 чудесии, сите во вистински момент и убиствен напад со недопирливиот Кире Лазаров, 13 гола од 16 обиди.
„Јас уште вчера најавив дека ќе дадеме се од себе, но вчера не бев сигурен дека тоа се од себе, кога ќе го оставиме срцето на терен, дека ќе биде доволно за победа. Ние го оставивме срцето на терен денес, игравме сите како еден и тоа беше доволно за победа“, изјави капитенот Кире Лазаров.
„Уште еднаш покажавме дека можеме, знаеме многу, ако сме сите единствени и гинеме еден за друг на терен“, додаде Лазаров.
Момците на Илија Темелковски тргнаа без респект кон фаворитот, со гранитна одбрана, со течен, прецизен напад, на моменти дури и со играч помалку, атрактивно, дрско, понижувачки кон Полјаците.
Психолошки издржаа до 50. минута, кога експлодиравме до 25:20. Кога сензацијата се насетуваше, им дадоа судиите шанса да се вратат во живот. Не беа подготвени да ја искористат по шокот што го преживеаа претходно.
„Покажавме еден квалитет, покажавме една борбеност, а и таа борбеност не е само борба да победиш противник како што е Полска, втора во свет од последното светско првенство, треба да имаш и квалитет и знаење“, рече Илија Темелковски, селектор на ракометната репрезентација.
Денес е слободен ден, можеби ќе беше подобро да продолжи еуфоријата и да влеземе со позитивни вибрации в среда, против актуелниот шампион Германија. Но и без тоа, ќе ни се плашат.

{loadposition content9}