Skip to main content

Македонија на Светското првенство во ракомет во Хрватска

Светското првенство во ракомет започнува денеска во Хрватска, фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.

 |  Крсте Голабовски  | 
rakometari
ракометари
Светското првенство во ракомет започнува денеска во Хрватска, фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.

Македонските ракометари утре во Вараждин го играат првиот натпревар против селекцијата на Тунис. На турнирот ќе учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи. Во групата Ц со Македонија се Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир.

Kire LazarovСветските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер за висок пласман.

Според една од најпознатите интернет обложувалници, британската Бетфер шансите на Македонија да ја мине квалификационата група се дури 1:100.

Македонските, како и навивачите на сите репрезентации кои играат во Вараждин треба да имаат свои места за собирање во градот.

 

 

 

{loadposition content9}