Skip to main content

Македонија против Тунис на ракометниот мундијал

Македонските ракометари денеска го играат првиот натпревар против репрезентација на Тунис на Светското првенство што вчера започна во Хрватска.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Македонските ракометари денеска го играат првиот натпревар против репрезентација на Тунис на Светското првенство што вчера започна во Хрватска.

Mакедонија е во групата Ц со Германија, Полска, Русија, Тунис и Алжир и натпреварите ги игра во Вараждин, каде утре игра против Алжир. За македонските ракометари успех е да завршат меѓу првите три репрезентации во групата со што ќе обезбедат пласман во втората фаза и ќе играат за првите 12 места.

Сепак, светските букмејкери ја сметаат Македонија, која по пауза од десет години, се враќа на светските првенства, за тотален аутсајдер за висок пласман, со многу мали шанси да ја мине квалификационата група.

rakometariОгромен интерес има меѓу македонските навивачи на лице место да ги следат натпреварите.Бројот на навивачи од Македонија и од соседните држави, кои ќе навиваат за нашата репрезентација, се очекува да биде и до 2,000.

„Претходните најави беа и до 2,000 навивачи, а сакаме да и бидат и уште повеќе. Има голема побарувачка за карти и од Македонците кои живеат во Хрватска, како и од соседните држави “, изјави за Макфакс, Наталија Жетко од организациониот одбор за групата во Вараждин.

Македонската Агенција за млади и спорт, само за денешниот премиерен натпревар очекува околу 500 навивачи од земјава.

За сите македонски навивачи во центарот на Вараждин ќе биде поставен посебен штанд.

На турнирот учествуваат 24 репрезентации, поделени во четири групи, а фаворити за највисок пласман се бранителот на титулата Германија, олимпискиот шампион Франција, европскиот првак Данска, Шпанија и домаќинот Хрватска.

 

 

{loadposition content9}