Skip to main content

Македонија го заврши Европското првенство на седмо место

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место.

 |  Крсте Голабовски  | 
rakometarki
ракометарки
Македонската женска ракометна репрезентација синоќа ја совлада Белорусија со 29:24 со што го избори најголемиот успех досега на Европските првенства, 7-то место.

Македонските ракометарки уште од самиот почеток доминираа на теренот носени на крилјата на шест илјадната публика во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

rakometarkiБелорусија даваше отпор до дваесеттата минута, кога при водство на нашата селекција од три разлика, беше направена мини серија од 4:0 за уверливо водство од 17:11. Највисокото водство Македонија го имаше на пет минути пред крајот, кога поведе со 29:19, по што дојде до мало опуштање.

За титулата најдобар на континентот престојниот викенд во Скопје ќе решаваат репрезентациите на Германија, Русија, Норвешка и Шпанија.

Македонската женска репрезентација досега има едно седмо место до Светските првенства и едно осмо место од Европските првенства.

 

 

{loadposition content9}