Skip to main content

Македонската ракометна репрезентација вечерва против Франција го започнува настапот на ЕП 2024

Македонија е во групата А, со селекциите на домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.
 |  инфодеск  | 

Македонската ракометна репрезентација, денеска во 18 часот, со мечот против Франција ќе го отвори 16-тото Европско првенство во ракомет кое се одржува во Германија (Берлин, Хамбург, Диселдорф, Келн, Манхајм и Минхен) од 10 до 28 јануари.

Над 50.000 влезници се продадени за мечот Македонија-Франција во „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф,  информира Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Македонија е во групата А, со селекциите на домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

За репрезентацијата на Македонија ова ќе биде осми настап на ЕП. Титулата на ЕП 2024 ја брани селекцијата на Шведска.