Skip to main content

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација во Охрид одржа Национален семинар за тренери и судии

Саботата во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии, каде учество зедоја членови од клубовите на федерацијата.
 |  инфодеск  | 

Саботата во Спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски, се одржа Национален семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и судии, каде учество зедоја членови од клубовите на федерацијата.

-После зимскиот распуст и празниците, и покрај зимските вируси, одзивот беше повеќе од очекуваното, при што спортската сала беше преполна, што тоа не радува дека имаме членови кои се лојални и кои се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси, можеме да се пофалиме како федерација дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 од нив се Б класа, а истотака имаме и 10 комплетни меѓународни судии кои освен како бодовни судии, сега ќе можат да се и централни судии, од кои еден до нив (Давид Велковски) ќе биде судија на наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, од 28.04 – 04.05.2025 година, при што посебно внимание беше посветено на него, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски, кој искажува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ“, Министерство за спорт и Општина Охрид.

Исто така, Лазаревски најавува учеството на М.Т.Т.Ф  на  Меѓународниот натпревар Тирана Опен 2025, кој ќе се одржи од 22-23.02.2025 година, и го најавува Државното првенство ко ќе се одржи на 15.03 2025 година. Во С.Р.Ц.Билјанини Извори.