Македонската ватерполо репрезентацијата поразена од Романија
Во својот прв настап на Светските првенства, ватерполо репрезентацијата на Македонија вечерва во Рим доживеа пораз од селекцијата на Романија со резултат 6:4.
ватепролист

Нашите репрезентативци добро го започнаа натпреварот од групата Д и беа рамноправни со Романците во првите две четвртини. По 1:1 во првиот и 2:2 во вториот период на полувремето се отиде со 3:3. Клучната разлика Романија ја направи во третата четвртина кога постигна три, а не прими ниту еден гол и во последниот период влезе со 6:3. Последните осум минути Македонија ги доби со 1:0 и успеа само да го ублажи поразот.
Слабата реализација со играч повеќе, како и евидентиот пад на темпото на игра во второто полувреме беа главните фактори за поразот на Македонија, која и покрај одличните одбрани на голманот Далибор Перчиниќ не успеа да се избори за поволен резултат.
Во вториот натпревар од Д групата вечерва играат домаќинот Италија и САД.

{loadposition content9}