Македонската фудбалска сензација се враќа во Скопје
Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа ја елиминираше Италија во рамките на kвалификациите за Светското првенство во Катар, со голот на Трајковски во 92 та минута.
Италијанските фудбалери постојано притискаа, обидувајќи се да стигнат до посакуваниот погодок, но нашите момци одлично се поставија во шестнаесетникот и не дозволија изненадувања.
Социјалните мрежи вријат после македонското фудбалско изненадување. Гери Лајнекер кој неодамна ги критикуваше репрезентациите на малите држави со зборовите дека прво треба меѓусебе да се натпреваруваат.
Но синоќа на својот Твитер профил Лајнекер напиша: „Северна Македонија со погодок од пред смррта, Италија на раб на светската фудбалска смрт…повторно…
Претседателот и премиерот Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски ѝ ја честитаа победата на фудбалската репрезентација над Италија и пласманот во финалето од баражот на Светското првенство.
Прославата започна во соблекувалната на македоснката репрезентација.
Претседателот Пендароски на својот Твитер профил му порача на Роналдо, дека тој е следниот!
Македонската фудбалска репрезентација денес се враќа после историската победа над репрезентацијата на Италија во полуфиналето од баражот на Светското првенство. Според најавите репрезентацијата треба да слета на Скопскиот Аеродром во 18:30. Несомнено голем број љубители на фудбалот ќе ги пречекаат македонските фудбалски херои.
Следна пречка на Македонија ќе и биде селекцијата на Португалија, која со 3-1 славеше над Турција.