Македонските фудбалери во Охрид доживеаа пораз
Македонската репрезентација до 21 год со убедливи 0-3 и со катастрофална игра загуби на пријателскиот натпревар со Албанија.
На дел од повиканите репрезентативци ова ке им биде последен натпревар за Македонија вели селекторот Мирсад Јонуз.
Македонската младинска репрезентација денеска на стадионот Биљанини извори на натпреварот против своите врсници од Албанија загуби со убедливи 0-3. Ова е втор натпревар помеѓу овие две репрезентации оваа година. На првиот кој се играше во Албанија, Македонија победи со минимални 0-1. Селекторот Мирсад Јонуз не е задоволен од играта на своите избраници и најавува дека за дел од повиканите играчи ова ќе биде последен натпревар за македонската репрезентација до 21 год.
За македонските млади надежи ова беше 4 пријателски меч оваа година. На предходните три натпревари Македонија забележа две победи против Црна Гора 0-3 и Албанија 0-1 и еден нерешен резултат на гостински терен против Бугарија. Со овој пораз македонија го расипа билансот за оваа година која сакаше да ја заврши без пораз.
{loadposition content9}