Македонските млади кошаркари играат против Унгарија
После победата во првото коло против Австрија, триумф против Унгарија во вечерашниот дуел многу ќе ја доближи Македонија до влез помеѓу осумте најдобри селекции.
-Пред почетокот на шампионатот реков дека на секој натпревар ќе одиме на победа и нема да се оптоваруваме со пласманот. Ни успеа да победиме во премиерниот настап и сега не чека Унгарија. Унгарските репрезентативци се физички посилни од нашите, но и ние имаме свои шанси доколку ја одиграме нашата препознатлива игра со многу контри и брзи додавања, изјави селекторот на репрезентацијата Емил Рајковиќ.
Рајковиќ упати повик до навивачите да дојдат во што поголем број и да ги бодрат нашите млади кошаркари.
Натпреварот започнува во 21:00 часот во големата сала од спортскиот центар „Борис Трајковски“.
{loadposition content9}