Македонските кошаркари поразени од Хрватска
Втор пораз за македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Полска е епилогот по денешниот натпревар против репрезентацијата на Хрватска во А групата.
Втор пораз за македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Полска е епилогот по денешниот натпревар против репрезентацијата на Хрватска во А групата.
Македонија одигра одлично прво полувреме кога на моменти водеше и со 17 поени разлика за на одмор да се замине со 48:34. Македонските кошаркари погодуваа тројки имаа офанзивни скокови играа добра одбрана и резултатот беше каков што посакуваа.
Но, по паузата на паркетот во Познањ како да истрча нова репрезентација која делуваше збунето и конфузно.
Хрватите за само 4 минути по започнувањето на второто полувреме направија 12:0, а нешто подоцна целосно ја анулираа предноста на Македонците. Од 32 минута го презедоа водството и на крајот славеа со 81:71.
Најефикасни играчи на денешниот меч беа Врбица Стефанов, Соколов и Мејси со 12 постигнати поени кај Македонија и Вујчиќ со 12 и Баниќ со 11 поени кај Хрватска.
Во вториот натпревар од групата А вечерва играат Израел и Грција.
Грција ќе пренесе 4 бода во втората фаза, Хрватска 2, а Македонија нема да има бодови пред почетокот на натпреварите во новата група.
{loadposition content9}