Skip to main content

Македонскиот млад кошаркар Довјакоски, наскоро во кампот на Џордан

Македонскиот кошаркарски талент, Оливер Двојаковски, добил покана да учествува во еден кампот на Мајкл Џордан, кој е еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот.

 |  Голабовски Крсте  | 
oliver dvojakoski
оливер двојакоски

Македонскиот кошаркарски талент, Оливер Двојаковски, добил покана да учествува во еден кампот на Мајкл Џордан, кој е еден од најпрестижните кампови за млади кошаркари во светот. Младинскиот репрезентативец на Македонија веќе две години настапува за Кахасол од Севиља.

Европското издание на кампот на Џордан ќе се одржи во Барселона од 1. до 3. март. Покана за учество во кампот, според прецизна селекција добија 40 најталентирани европски кошаркари родени 1997 година.

На „Џордан Бренд“ Европскиот Камп, во текот на трите дена, Оливер Двојаковски ќе има можност да работи со некои од најквалитетните тренери за млади кошаркари во светот, директно надгледувани од најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

oliver dvojakoskiПокрај на тренинзите, своите квалитети ќе може да ги покаже и на неколкуте натпревари кои ќе ги игра во конкуренција на останатите 39 европски кошаркари од неговата генерација, кои, како и него, се вброени меѓу најталентираните во Европа.

По завршувањето на тридневниот камп, стручниот тим ќе ги издвои 10-те најдобри од Европа, кои ќе бидат поканети на завршницата од Џордан Кампот која ќе се одржи во Бруклин, Њујорк на 13.април и каде директно ќе можат да се запознаат со легендарниот НБА кошаркар.

„Пресреќен сум што ми се случува ова. Настап на Џордан Кампот е сон на секој млад кошаркар и со нетрпение чекам да ги запознаам, да поработам со тие луѓе од кои мислам дека можам навистина многу да научам. Ова е само доказ, дека со напорна работа ништо не е невозможно. Добивам ретка шанса и многу сум мотивиран да ја искористам“, ја пренесе изјавата на Двојаковски, интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација (www.basketball.org.mk).

Оливер Двојаковски е роден во Берово на 26.јануари 1997 година, пред да замине за Шпанија, настапуваше за тимовите на Феникс и Јуниор. Минатото лето беше дел од репрезентацијата на Македонија до 16 години на Европското првенство во Романија.

{loadposition content9}