Skip to main content

Светско Таеквондо ИТФ  првенство

Македонските таеквондисти заминуваат на Светското првенство во Астана

Тројца охридски теквондисти ќе не претставуваат на Светското Таеквондо ИТФ  првенство кое ќе се одржи во Астана–Казахстан. Екипата се состои од пет лица, од кои две официјлани лица  и тројца натпреварувачи кои се Европски медалисти и најдобри поединци.
 |  Голабовски Крсте  | 
теквондоисти

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (ИТФ)  дел од Светската Таеквондо ИТФ елита. Петчлена екипа ќе не претставува на Светското Таеквондо ИТФ  првенство  кое ќе се одржи во Астана–Казахстан  од 18.08 – 26.08.  Екипата се состои од две официјлани лица  и тројца натпреварувачи кои се Европски медалисти и најдобри поединци.

Боите на македонија во Астана ќе ги бранат Христијана Парулеска црн појас I дан, европски првак во категоријата кадети, Давид Крстески  црн појас I дан, Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022 и Елена Јанеска  црн појас I дан Европски вицешампион во спаринг борби Пореч-2022, инаку сите тројца државни прваци во своите категории.

Со нашите теквондисти ќе патуваат и две официјални лица Марјанчо Лазаревски црн појас V дан,  претседател на МТТФ (официјално лице и национален тренер) и Зоран Парулески – потпретседател на МТТФ (официјално лице).

„Тројцата претставници на нашата репрезентација се искусни натпреварувачи и закитени ни со европски одличја, кои напорно се подготвуваа изминитатите два месеци, во текот на летната сезона одрекувајќи се од летниот одмор со цел да дадат се од себе да ја претсават нашата држава најдобро што можат, и по можност да се обидат  да се искачат на светскиот пиедестал“ велат од федерацијата.

Сите членови на нашата екипа имаат антидопинг сертификати, кои се задолжителни за учество на сите врвни натпреварувања.

Исто така, претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски изрази благодарност на Агенцијата а млади и спорт која е покровоител на нашата репрезентација за учество на ова Светско првенство, благодарност до општината Охрид која помогна за подготовките на нашата репрезентација и благодарност до генералниот спонзор.