Македонските атлетичари од Тирана се вратија со три медали
На меѓународниот атлетски митинг „Роберт Еминиан” во Тирана македонските атлетичари освоија три медали.
На меѓународниот атлетски митинг „Роберт Еминиан” во Тирана македонските атлетичари освоија три медали. Дрита Ислами освои два медала – сребрен на 100 метри со пречки со време – 17.36 секунди и бронзен на 200 метри со време 27.17 секунди.
Сребрен медал освои и „олимпиецот” Кристијан Ефремов, 400 метри истрча со време 49.32 секунди.
Другите наши атлетичари го остварија следниот пласман:
Валбона Селими – 100 метри (13.41 секунди) 8.место
Александар Стојановски – 800 метри (1:56.51 минута) 7.место
Сермедие Љатифова – 800 метри (2:27.59 минути) 4.место
Бојан Милчевски – 400 метри (50.55 секунди) 4.место
Марија М Василевска – 400 метри (1:02.98 минута) 5.место
Фиторе Куртиши – 100 метри (13.90 секунди) 10.место
Фиторе Куртиши – 400 метри (1:12.50 минута) 7. место
На митингот учествуваа повеќе од 120 натпреварувачи од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Ерменија, БиХ, Македонија.
{loadposition content9}