П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид
Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон
Како и секоја година патеката во должина од 2,5 км започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Првиот старт ќе започне во 10.00 часот, додека вториот старт ќе започне во 11.00 ч.
Утре ќе се одржи 46-то издание на малиот Илинденски пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .
Како и секоја година патеката во должина од 2,5 км започнува од плажата Горица (Кај дивоно) до кејот на Охридското езеро (пред х.”Ривиера”). Првиот старт ќе започне во 10.00 часот, додека вториот старт ќе започне во 11.00 ч.
Пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години.
Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст- Охрид, а за регуларноста на трката ќе се погрижат два судиски тимови.