Skip to main content

Манчестер Јунајтед ја премина границата од милијарда евра по вредност

Вредноста на фудбалските брендови ги рушат сите граници

 |  инфодеск  | 

Консултантската компанија Brand Finance објави листа на највредните светски фудбалски брендови

Како што пишува Goal.com, Манчестер Јунајтед е првиот клуб во историјата на фудбалот кој ја премина границата од една милијарда евра по својата вредност. Минатата година Јунајтед беше трет на листата највредни клубови во светот, но сега ги премина Баерн и Реал Мадрид. Така, на листата која на крајот на секоја сезона ја објавува угледната консултантска куќа Brand Finance, Манчестер Јунајтед како бренд вреди фантастични една милијарда и 105 милиони евра.

“Најголемата сила на Јунајтед е во големиот број на навивачи кои ги има во Индија, југоисточна Азија и Кина, која сега достигнува цифра од половина милијарда луѓе. Таква база е голема мамка за спонзорите”, ги појасниле резултатите на овогодинешното истражување челниците на Brand Finance.