Skip to main content

Манчестер јунајтед троши нови 135 милиони евра?

Ван Гал е спремен да троши нови пари

 |  инфодеск  | 

Медиумите во Англија пренесуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал, е спремен да потроши 135 милион долари во последниот ден на зимскиот преоден рок.

Сепак. Својата прва замисла не успеа да ја спроведе во дело, бидејќи раководството на ПСЖ ја одби понудата од 45 милион евра за бразилскиот стопер Маркињос.

Daily Mail го пренесува вториот дел од приказната во кој се наведува дека Холанѓанецот е заинтересиран за играчот за врска на Волфсбург, Кевин де Брујн, и дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, за чии услуги нуди 90 милиони евра.

Ван Гал смета дека младиот Белгијанец, кој повторно блесна во победата над Баерн Минхен викендов, идеално би се вклопил во формацијата 4-4-2 “diamond” и за него е спремен да понуди скоро 40 милиони евра, додека пак од друга страна Хумелс од поодамна е на листата на желби на екипата од Олд Трафорд.

Денес е последниот ден на преодниот рок во повеќето светски лиги.

{loadposition content9}