Манчестер Сити мора да почне да се контролира со понудите
Претседателот на УЕФА Мишел Платини официјално го предупреди тимот на Манчестер Сити со дисквалификација од натпреварите во европските купови доколку не престанат со понудите на огромните суми на пари за купување на играчи.
Платини се заканил дека доколку сопствениците на овој клуб не престанат да ги зголемуваат сумите кои ги нудат за фудбалерите од другите екипи, тогаш УЕФА ќе мора да реагира со санкции односно забрана за настап на натпревари од Евро куповите.
„Може ли едно момче да чини 150 милиони евра. За мене тоа е смешно. Од фудбалска, социјална и финансиска гледна точка – од секаде. Работиме за систем кој ќе им овозможува на клубовите да издржат сами, а тоа е невозможно во вакви услови“, изјави Мишел Платини во обид да го спречи трендот на огромните понуди кои ги даваат одредени екипи во обид да ги имаат големите фудбалски ѕвезди во своите редови.
„Ние не го забрануваме она што се случува на трансфер пазарот, но затоа го штитиме фудбалот“, додаде Платини.
{loadposition content9}