Маратон на песокот
Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци.
Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци. Тоа се учесниците на маратонот во Сахара – најтешката трка на планетата во која „лудаците” трчаат 250 километри во јужниот дел на Мароко.
Оваа година на стартот од Marathon des Sables (Маратон на песокот) се појавија 1.017 натпреварувачи од целиот свет кои само за учеството плаќаат по 2.500 евра.
Целата трка трае 6 дена и натпреварувачите поминуваат 250 километри низ пустината Сахара. На најдобрите ќе им требаат околу 20 часа вкупно за да ја комплетираат трката, но минатата година некои на целта пристигнаа и со задоцнување од 56 часа, а 200 од нив не го ни завршија маратонот.Организаторите на трката единствено обезбедуваат вода и шатори за преспивање помеѓу трките, а натпреварувачите во своите ранци сами си ја носат храната и целата опрема.
На првото издание во 1986-та година учествувале само 23 тркачи, а на последните изданија учествуваат по околу илјада натпреварувачи. За трката оваа година сите места беа пополнети уште од 2011-та година, а доколку сакате да учествувате на трката во 2014-та година тогаш ќе треба да платите 500 евра за апликацијата со која ќе се најдете на листата на чекање.
До сега за време на трката имаат починато двајца тркачи, а во 1994-та година еден Италијанец се загубил во песочната бура и бил пронајден по 9 денови талкање, ослабен 13 килограми.
{loadposition content9}