Мареј втор на АТП листата
Британецот Енди Мареј го освои турнирот во Мајами, откако во драматичното финале го совлада Давид Ферер со 2-6, 6-4, 7-6.
Британецот Енди Мареј го освои турнирот во Мајами, откако во драматичното финале го совлада Давид Ферер со 2-6, 6-4, 7-6, а со тоа успеа да се искачи и на втората позиција на ранкингот на најдобри светски тенисери. Тој успеа да се извлече во дуелот со Ферер, ако се знае дека Шпанецот имаше 6-5 во гемови во третиот сет, а се чини дека пресуден момент беше погрешниот обид за „око соколово“, што како да го урна Ферер.
По големата борба, двајцата тенисери едвај стоеја на нозе, на доледувањето на пехарите.
„Ова е важен момент за мене. Морам да му честитам на Ферер затоа што беше фантастичен. Многу лесно и тој ќе беше победник“ – истакна по триумфот Енди Мареј.
{loadposition content9}