Skip to main content

Макс Мозли ќе биде безмилосен

Претседателот на ФИА Макс Мозли долеа масло на огнот во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Турција, порачувајќи им на сите тимови кои не сакаат да ги прифатат новите правила дека се слободни да си организираат свое сопствено натпреварување.

 |  Голабовски Крсте  | 
Maks Mozli
Макс Мозли

Претседателот на ФИА Макс Мозли долеа масло на огнот во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Турција, порачувајќи им на сите тимови кои не сакаат да ги прифатат новите правила дека се слободни да си организираат свое сопствено натпреварување.

Maks MozliТоа навестува дека ФИА нема намера да им попушти на тимовите кои бараат укинување на ограничениот буџет од 65 милиони долари.
– Им кажав дека ако сакаат да играат по свои правила, тогаш нека си организираат свое првенство, под услов да ги исполнуваат сите безбедносни барања. Во Светското првенство на Формула 1 ние ги утврдуваме правилата. Така е веќе 60 години и ќе продолжи и во иднина – рече Мозли.
Вилијамс е единствениот од актуелните тимови кои безусловно се пријавија за учество во следната сезона, а конечната листа ќе биде објавена на 12 јуни откако дури десет нови тима поднесоа пријава, прифаќајќи го ограничениот буџет.
Тимовите не ја коментираа изјавата на Мозли во Истанбул, каде што уште еднаш ќе се вози под дилемата “како да се сопрат Батон и Брон ГП”.









{loadposition content9}