Skip to main content

На Мекејлеб му е удобно во Европа, НБА ќе почека

Бо Мекејлеб продолжува да го привлекува вниманието на кошаркарската јавност. Тој е еден од најдобрите стрелци во Евролигата каде минатата недела беше прогласен за МВП на ова натпреварување откако со 25 поени го растури Реал Мадрид.

 |   | 
Mekejleb Montepaski
Мекејлеб во Монтепаски
Бо Мекејлеб продолжува да го привлекува вниманието на кошаркарската јавност. Тој е еден од најдобрите стрелци во Евролигата каде минатата недела беше прогласен за МВП на ова натпреварување откако со 25 поени го растури Реал Мадрид.

Mekejleb Montepaski

Се очекува ова лето Мекејлеб да биде во фокусот на неколку екипи од НБА лигата, но во интервју за Hoopshype тој изјави дека барем за сега нема намера да ја напушти Европа.

„Следната сезона ќе останам во Европа. Тука имам успеси и сакам да продолжам во тој стил. Се чувствувам многу удобно тука и веројатно сега и не е баш најдобро време да си заминам.“

„Бев потценуван во текот на целата моја кариера во САД. Во Европа не сум аутсајдер, но што се однесува до НБА, таму се уште сум. Но, јас не можам да сторам ништо друго освен да продолжам да работам понапорно“, изјави Мекејлеб.

Следниот предизвик за Мекејлеб со репрезентацијата на Македонија е квалифиакцискиот турнир за Олимписките игри во Лондон, а доколку нашата репрезентација избори пласман тогаш според Hoopshype, Мекејлеб сигурно би бил најпопуларното име во Олимписката делегација на Македонија.

„Би било преубаво да се настапи на Олимписките игри, но треба да одиграме уште многу натпревари. Ќе видиме“ додаде Мекејлеб.

{loadposition content9}